Груевски се врати од спасувачката мисија во Војводина

by lali

Премиерот Никола Груевски успешно ја заврши својата спасувачка мисија во Војводина, Србија, каде што заедно со својот српски колега Александар Вучиќ спасуваа деца и возрасни заробени во своите возила поради големото снежно невреме.

– Се излезе сосема неочекувано. Бев кај Вучиќ да ги договориме предвремените избори во Македонија и да ги усогласиме со тие во Србија. Само што ги бевме договориле сите детали, стаса информацијата за невремето и завеаните граѓани. Спасивме стотици лица. Можеби ќе ви звучи малку џејмсбондовски, ама јас во мисијата учествував со хеликоптер. Откако се упатив на местото на настанот, забележав колона возила и луѓе кои бараат помош. Бидејќи возев сам, го ставив хеликоптерот во лер и со јаже се спуштив меѓу завеаните. Што да ви кажам. Беше страшно. Во едната рака премрзнат човек, со другата качувај се по јажето. И така се додека со Вучиќ не заклучивме дека сите се спасени. Искрено, величањето на херојството на Вучиќ во српските медиуми ми изгледа малку претерано, но не сум му љубоморен. Јас, за разлика од него, замолив да не се прави голема помпа, сметам дека е сосема доволен овој скромен пречек на аеродромот Александар Велики – изјави по пристигнувањето Никола Груевски.

Тој додаде дека се надева оти пред изборите и кај нас ќе се случи вакво невреме, за граѓаните да се уверат во неговите херојски дела.

Поврзани новости