ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АУСТРИА НОВ ПАРТНЕР НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

by fokus

Видеолотарија Касинос Аустриа преку тригодишен договор со фудбалската федерација на Македонија, сака да овозможи испишување спортска историја.

Во овие тешки 12 месеци, полни со неизвесност и со предизвици, фудбалот беше една од ретките причини за славење во земјава, обединувајќи го народот во радоста за успехот на македонската репрезентација. Со пласманот на Европското првенство, нашите најдобри фудбалери постигнаа историски подвиг, каков што сонуваме веќе три децении од нашето самостојно постоење, а Видеолотарија Касинос Аустриа сака овој историски печат да биде заверен сигурно и непречено. Ние имаме заедничка цел, фудбалерите да постигнат историски резултат, а нашата земја да ја добие својата долгоочекувана национална радост.

Склучивме тригодишен договор за соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Овој договор е привилегија која овозможува да застанеме покрај македонскиот национален тим во неговото историско деби на големите фудбалски првенства. Фудбалерите се драгоцени амбасадори на Македонија, преку своите индивидуални и преку репрезентативните настапи и затоа заслужуваат најдобар можен третман и услови за тренирање и функционирање на највисоко ниво. Затоа Видеолотарија Касинос Аустриа ќе биде верен помагач на фудбалската репрезентација, во нејзините понатамошни обиди да испишува македонска спортска историја.

Ова ново спонзорство е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот. Компанијата ќе биде присутна на сите натпревари на нашиот национален тим во следните три години. Силно веруваме дека Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето, ќе биде само воведно поглавје од успешната приказна на фудбалерите, која допрва ќе кулминира. Деновиве почна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година и ќе ни претставува задоволство уште од самиот старт да чекориме заедно кон ново врвно достигнување. Вредностите како што се желбата да се доминира, напорната работа, тимските заложби и издржливоста, претставуваат суштинско значење за спортот и совршено се совпаѓаат со вредностите на нашата компанијата.

Со спонзорирање на македонскиот национален фудбалски тим, сакаме да бидеме поблиски до луѓето и да покажеме колку сме горди што сме дел од оваа земја. За таа цел, тимот на Државна видеолотарија вложува напори во креирањето на нови договори за соработка и спонзорства, особено оние поврзани со спортски натпревари. Со радост ќе додадеме дека капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, селекторот на македонската ракометна екипа Кире Лазаров, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе и кошаркарката Едина Муса се нашите амбасадори преку кои ќе дадеме нова спортска мотивација на нашата земја.

ПР

Поврзани новости