(ВИДЕО) Вулканската лава стигна до евакуираниот град на Исланд

by Фокус

Откако утринава се случи нова ерупција на вулканот на Исланд, лавата стигна до градот Гриндавик кој претходно беше евакуиран. Лавата се разлеала по улиците на градот и покрила дел од една куќа која се запалила, пренесува Би-би-си.

Јавниот сервис РУВ јави дека куќата била празна и пред евакуацијата. Ерупцијата се случи утринава на југозападот на Исланд, во близина на градот Гриндавик, на чиј полуостров Рејкјанес од 2021 година имало пет ерупции на вулкани.

Населението на Гриндавик, околу 4.000 луѓе, претходно беа евакуирани поради значителната сеизмичка активност, а цивилната одбрана го крена нивото на опасност во тоа подрачје на вонредно.

Во близина на Гриндавик се наоѓа и туристичката атракција, геотермалната бања Сина лагуна, каде исто така е евакуиран хотелот.

Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес почна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Свартсенги, по комплетната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сина лагуна.

Гриндавик при последната ерупција во декември беше поштеден од штета, бидејќи лавата течеше во друга насока одминувајќи го градот.

Поврзани новости