405
„На денешното отварање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, осамна транспаранет поставен од бугарски шовинисти на кој пишуваше „Македонија е Бугарска”, кој очигледно служеше за провокација и навреда.
Нашите активисти кои денес беа присутни во Благоевград веднаш реагираа, го отстранија и фрлија навредливиот транспарент“, пишува во објавата на Фејсбук движењето „Црвена младина“, кое е подмладок на партијата Левица.