(ВИДЕО) Трамп: Путин е поблаг во однос на Украина, можно е да се сретнам со Ким во Кина

by irena 17:04
17:04

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин зазема поблаг став во однос на Украина.

„Искрено, тој би можел да биде многу построг“, рече Трамп, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи за неговата претстојна посета на Кина, Трамп изјави дека постои можност таму да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг беше овде пред еден месец, а таму ќе се сретнеме со Путин, а можеби и со Ким Џонг Ун“, рече Трамп пред заминувањето за Кина.

Трамп претходно оваа година беше во државна посета на Кина, при што се сретна со Си.

Американски претставници соопштија дека претстојната средба меѓу Трамп и Си ќе биде билатерална, додека средбата на Трамп со Путин нема да биде приватна.

Слични вести