1
Остро и недвосмислено го осудувам насилството врз младата девојка во Охрид, порача Марија Митева, портпаролка на Владата.
Во објава на Фејсбук таа повика Јавното обвинителство да дејствува итно, случајот да биде расчистен и да резултира со правда.
-Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување. Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда! Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање, напиша Митева на ФБ.