Попладнево повторно е приведен Кристијан Корабоски од Охрид

by irena 15:32
15:32

Осомничениот за бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, 31-годишниот Кристијан Корабоски повторно е приведен во полициската станица во Охрид.

Засега нема повеќе информации кои се причините за повторното приведување и дали Обвинителството евентуално ќе побара притвор за него како мерка за обезбедување.

СВР Охрид ја потврди информацијата, но велат дека во моментов има нови околности во овој случај.

Против Корабоски е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, а судот претходно му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до девојката на помалку од 50 метри и одземање на пасошот.

Слични вести