1
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид – Сашо Донев го осуди насилството што ја вознемири јавноста. Побара надлежните институции професионално да постапат во рамките на своите овластувања.
Тој истакна дека насилството не може да биде оправдано и не претставува начин за решавање на проблемите. Повика случајот да добие соодветна институционална разрешница и да се покаже дека законот важи подеднакво за сите.
„Време е да се покаже дека никој не е над законот. Исходот од оваа одлука мора да служи како јасна поука и лекција од која ќе се превенираат вакви немили настани во иднина. Правдата мора да биде задоволена!“ – порача пратеникот Донев.