(ВИДЕО) Мицкоски од Брисел: Го осудувам дивјаштвото во Охрид, изразувам поддршка до семејството на девојката!

by irena 16:48
16:48

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците кои што ги имавме денес, за борбата која што ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел“ сподели премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Вели „за жал до мене стигна ужасната вест која што ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка“.

„Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува. А, воедно како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата“ рече Мицкоски.

Слични вести