Филипче за насилството во Охрид: До кога заштита на насилници и тепачи, до кога заташкување?

by irena 14:56
14:56

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче го осуди бруталното насилство врз младата Сара во Охрид и обидите случајот да се заташка поради врските на сторителот со ВМРО, наведува, велат од СДСМ.

Во објава на социјалните медиуми, Филипче изрази целосна поддршка за Сара и нејзиното семејство, и побара одговорност од сите кои извршиле, помогнале или прикривале насилство.

Тој порача дека неказнивоста и заштитата на насилниците мора да престанат.

-Згрозен сум од насилството во Охрид и потресен од сведоштвото на мајката на Сара, дека имало обид да се заташка случајот, само поради врските со ВМРО. Изразувам целосна поддршка за Сара и за нејзиното семејство. Оваа млада девојка заслужува сигурност, заштита и мирно закрепнување. Прашањето коешто цела нација денес го поставува е до кога? До кога неказнивост за насилниците? До кога заштита на насилници и тепачи? До кога институционални пропусти? До кога заташкување? Само никој да не одговара од власта. Барам одговорност за секој што извршил, помогнал или го прикривал насилство. Нема да отстапиме пред насилството и неказнивоста. Пред нас е борба со мафијата. Бандата ќе одговара – посочува Филипче.

Слични вести