Поевтинуваат горивата

by fokus 12:46
12:46

Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98.  Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

За 2,028 денари по килограм се намалува цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс ќе чини 32,894 денари.

- Advertising -

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 2,41 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на цената нанафтените деривати на светските пазари  и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Поврзани новости