1
„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен“ пишува на Фејсбук охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков.
Вели „Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид“.
„Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение!
П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин“ пишува Пецаков на социјалната мрежа.