(ВИДЕО) Составен е Ол-стар тимот на ракометното ЕП 2024

by Fokus

Иако се уште не се одиграни натпреварите за третото место и за титулата на Европското ракометно првенство во Германија, ЕХФ веќе ги избра најдобрите ракометари на првенството.

Адреас Волф од репрезентацијата на Германија е најдобриот голман, а за најдобро лево крило е избран Хампус Ване од Шведска.

Најдобар лев бек на ова првенсво беше Мартим Коста од Португалија, додека титулата најдобар централен бек оди за Јури Кнор од Германија.

Најдобриот десен бек, во изборот на ЕХФ е Матијас Гидсел од Данска.

Австриецот Роберт Вебер беше избран за најдобро десно крило, додека најдобар пикер е Лудовик Фабрегас од Франција.

Титулата најдобар дефанзивец му припадна на Магнус Саугструп, од Данска.

Поврзани новости