Јаник Синер е шампион на Австралија опен – стигна до неговиот прв грен слем трофеј!

by Fokus

Италијанскиот тенисер Јаник Синер по голем пресврт успеа во финалето на Австралија Опен да го совлада Данил Медведев со 3-2 во сетови (3-6, 3-6, 6-4, 6-4, 6-3).

По повеќе од три часа игра Синер го комплетираше пресвртот и го освои својот прв грен слем трофеј во кариерата.

Искусниот руски тенисер го доби првиот сет со 6-3, откако направи два брејка, додека во вториот следеше идентичен почеток, по кој Синер врати само еден загубен гем, но тоа не му беше доволно да го спаси сетот (3-6).

Медведев играше добро и во третиот сет, но Италијанецот со брејк во 10. гем стигна до 6-4.

Синер во четвртиот сет постојано го напаѓаше Медведев, го надигра Русинот и славеше со 6-4.

Во последниот сет се виде замореноста на Русинот кој и официјално стана тенисер со најмногу поминати часови на еден гранд-слем.

Синер направи брејк во шестиот гејм (4-2) и до крајот го приведе мечот за прв триумф.

Поврзани новости