(ВИДЕО) Се урна мост во Грција, едно лице загина

by Fokus

Едно лице загина при уривање на мост во изградба денеска во Патра, во западна Грција, соопштија властите. Надлежните додаваат дека едно лице е повредено.

Претходно беше кажано дека има луѓе заробени во урнатините, но бројот не е познат. Телевизијата ЕРТ објави дека 5 лица се тешко повредени, но оваа информација се уште не е потврдена од надлежните.

Во тек е голема спасувачка операција. Засега не се познати причините за уривањето на мостот кој се наоѓа на патот што ја поврзува Патра со Атина.

 

Поврзани новости