(ВИДЕО) Роналдо погоди од слободен удар, голманот не се мрдна

by Fokus

Португалскиот фудбалски ас – Кристијано Роналдо по четирите постигнати гола во националниот тим против Словачка и БиХ, блесна и во шампионатот на Саудиска Арабија, во дресот на Ал-Наср.

Тој ја донесе победата на својот тим во дуелот против Дамаск, откако погоди од слободен удар за 2-1 во 56. минута. Голманот на противниците само со поглед ја проследи топката во небранетиот дел од мрежата.

Ова е 42-ри гол на Роналдо оваа календарска година, што го прави лидер во светски рамки.

Ова е победничкиот погодок:

Поврзани новости