(Видео) Протести во Белград, Сараево и Подгорица против војната во Газа

by Fokus

Во Белград, Сараево и Подгорица вчера се одржаа протести за поддршка на Палестинците во Појасот Газа.

На протестите имаше транспаренти со слогани:„Ослободете ја Газа“, „Израел е терористот“, „Слободна Палестина“, Кој е убиецот на децата? Израел!

На протестот во Сараево, како што јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, можеле да се видат транспаренти на кои пишува „Сараево страда поради страдањата на луѓето во Газа“, но и оние на кои се прикажани премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот претседател Џо Бајден, со натпис „криминалци“.

Ова е трет протестен собир во БиХ кој се одржува за поддршка на Палестинците.

Освен во Белград и во Сараево, протест во знак на поддршка за палестинскиот народ вчера се одржа и Подгорица. Заедно со барањето за „запирање на геноцидот“, учесниците на протестот побараа од Владата на Црна Гора да воведе санкции кон Израел и да го осуди „геноцидот врз Палестинците“.

Следната сабота (18 ноември) закажан е протест и во Скопје.

Поврзани новости