САД извршија воздушни напади во Сирија: погодени цели на Иран

by Fokus

Американските трупи нападнаа два корпуси на иранската исламска револуционерна гарда и проирански групи во источна Сирија.

Нападот се случи како одговор на американските воени напади на Блискиот Исток, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Американските сили извршија прецизни напади врз цели во источна Сирија што ги користеа иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда и групите поврзани со Иран како одговор на тековните напади врз американскиот воен персонал во Ирак и Сирија“, се вели во соопштението на Остин.

Цел на нападот биле базата за обука и зградата од која, како што наведе, тајно дејствувале антиамериканските сили, во областа на градовите Абу Камал и Мајадин.

Поврзани новости