ВИДЕО Повторно пожар во трговски центар во Русија, стотици луѓе биле евакуирани навреме

by fokus

Повторно изби пожар во трговски центар во Русија, овој пат во источниот дел од Москва. Загина вработен во трговскиот центар, а тројца пожарникари се повредени. Речиси 600 луѓе биле евакуирани и спасени од пламените јазици.

Трговскиот центар „Персеј“ е објект на четири ката и претежно со продавници за деца и игротеки. Пожарот избувнал во просторија за складирање на најгорниот кат.

Претходно во сибирскиот град Кемерово изби пожар во трговски центар, при што 64 лица загинаа, меѓу кои 41 дете.

Поврзани новости