ВИДЕО Петмина загинаа откако врела вода поплави хотел во Русија

by Фокус

Пет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а тројца се хоспитализирани со сериозни изгореници, откако експлодирала цевка со врела вода во хотел во руски Перм, кој се наоѓа околу 1.155 километри источно од Москва.

Цевката пукнала денеска околу 2 часот по полноќ, по што во малиот хотел, лоциран во подрумскиот кат на станбен комплекс, избликнале пареа и врела вода.

-Имаше пареа, а водата стигна до влезот на хостелот. Се плашам да замислам што се случувало во внатрешноста на зградата – изјави еден сведок за локалните медиуми.

Пет гости во хостелот загинале, според службите за итни случаи, додека уште три жртви на доцни 20-ти и 30-ти години биле хоспитализирани со изгореници на нозете и грбот.

Локалните медиуми објавија дека цевката била изградена пред скоро 60 години, па компанијата за управување со зградата планирала целосно да го замени системот за греење минатата година.

Сепак, не е јасно дали навистина е направено е нешто на овој план и затоа покрената е истрага за случајот.

Поврзани новости