(Видео) Обезбедувањето на самитот на БРИКС го спречи помошникот на Џинпинг да влезе во салата за состаноци

by Fokus

Обезбедувањето на самитот на БРИКС по грешка спречи помошник на кинескиот претседател Си Џинпинг да влезе во салата за состаноци.

Инцидентот се случил пред презентацијата на кинескиот претседател.

Настанот беше снимен од камери кои во живо ги пренесуваа настаните од самитот. На видеото можете да го видите Кси Џинпинг како влегува во салата, а по него има маж.

Обезбедувањето го запира на влезот во ходникот, го одвлекува од вратата и ја затвора.

Како што наведуваат на социјалните мрежи, тоа е помошникот на кинескиот претседател кој навреме не тргнал по Си Џинпинг. Засега нема официјални коментари.

 

Поврзани новости