611
Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партиските активисти од Куманово, пбјави ТВ21.
Според информациите на телевизијата, собирот на граѓани против ДУИ е организиран од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на огранокот на ДУИ во Куманово.
Жителите го блокирале патот каде што требало да се одржи средбата и своето незадоволство го искажале со кршење на стаклото на едно од возилата на делегацијата.