(ВИДЕО) Ковачевски на гравче и риба со студентите

by Фокус

Премиерот Димитар Ковачевски беше на ручек со студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде ручаше гравче и риба. Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на оваа држава.

„Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард“, напиша тој.

Поврзани новости