ВИДЕО Богоевски: Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договара наредбите

by Fokus

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, неговиот баџанак, поранешниот обвинител за организиран криминал и корупција, Јован Илиевски и ексдржавниот обвинител Марко Зврлевски, во УБК и по кафеани ги договараа наредбите за политички-монтираните судски предмети. Ова го изјави ексразузнавачот Слободан Богоевски на презентацијата на извештајот „Под лупа“ за анализа на 12 правосилни кривични предмети, пренесува А1он.

„Во меѓувреме во напорите да ги приберам сите докази, прибавив изјави од двајца раководители – началници во УБК, каде раководеше злогласниот Сашо Мијалков“, тврди Богоевски. Тој изјави дека еднаш неделно во УБК се собирале Мијалков, Зврлевски и Илиевски, и ја кроеле судбината на полициско-судските процеси кои биле водени изминатите 10-ина години. Според изјавите на началниците, средбите биле еднаш неделно, а честопати се одржувале и по кафеани, кога, како што изјави Богоевски, биле под во алкохолизирана состојба – рече Богоевски.

Поврзани новости