(ВИДЕО) Апсења поради крвавата венчавка во Ирак

by Fokus

Директорот на Одделот за односи и информации во Министерството за внатрешни работи на Ирак, Саад Маан денеска изјави дека се уапсени девет лица кои биле вработени во салата за свадбени веселби, во кои загинале над 100 лица, а 150 лица се повредени во оганот.

Маан рече дека ќе издаде налози за апсење за уште четворица вработени, објави Би-би-си. Тој посочи дека причините за трагедијата се „недостиг на здравствени и безбедносни мерки, запаливи материјали што се користеле во градбата и очигледно огномет организиран во затворен простор“.

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани прогласи тридневна национална жалост.

Бројот на жртви се уште не е потврден, но државната агенција ИНА претходно објави дека најмалку 100 луѓе загинале, а 150 се повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по пожарот што избувна доцна синоќа.

Мисијата на ОН за помош на Ирак на платформата Х објави дека е шокирана од огромниот број жртви и повредени во пожарот.

Поврзани новости