Велешанец ги нападнал соседите на спиење и се пофалил на фејсбук дека ги убил „своите монструми“

by fokus

Велешанец почина откако ноќеска во два часа по полноќ неговиот сосед влегол во неговата куќа и со чекан го нападнал неговото семејство, информираат од МВР. Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. прво ја скршил влезната врата на неговите соседи, потоа влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил.

Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.

По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.

По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Од јавното обвинителство велат дека напаѓачот бил веднаш пријавен и дека од судот ќе биде побарано да му се одреди мерка притвор.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство. Јавен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.

Поврзани новости