Важно е да ја ширите пораката за заштита на природата, им порача Петровска на извидниците во Крушево

by Fokus

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во Крушево го посети кампот на Сојузот на извидници на Македонија кои деновиве под мотото „Достигни ги височините“, ја организираа 13. Македонска извидничка смотра на која учествуваа околу 800 извидници од 16 држави.

Министерството за одбрана соопшти дека на младите извидници и љубители на природата, министерката Петровска им честиташе што ги негуваат извидничките вредности и градат свет без предрасуди, стереотипи и дискриминација.

На претставниците на Сојузот на извидници на Македонија им порача дека Министерството за одбрана ќе продолжи да ги поддржува активностите кои ги промовираат здравите животни навики и вредности, соопшти Министерството за одбрана. 

 „Ова искуство од вас како младина направи сложни извидници, кои знаат да ја ценат својата традиција, култура и кои меѓу своите врсници ќе ја прошират пораката за важноста на заштита на природата. Мене како министерка за одбрана ми е драго што со логистички придонес на Армијата на Република Северна Македонија бевме дел од оваа ваша незаборавна авантура“, рече Петровска.

 Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија ја поддржаа организацијата на 13. Македонска извидничка смотра, чија програма има за цел да ги научи младите љубители на природата за различни животни вештини, целите за одржлив развој, културата и традицијата.

 На 13. Македонска извидничка смотра учествуваа над 800 учесници од 16 држави, кои во Крушево и околината имаа можност да стекнат нови извиднички вештини и знаења, но и да се запознаат со природните убавини и традиции на Северна Македонија.

Поврзани новости