Васко Наумовски најверојатно нема да биде повеќе македонски преговарач за името

by Fokus

Амбасадорот во САД Васко Наумовски најверојатно нема да биде повеќе македонски преговарач за името. Владата размислува да предложи нов претставник во преговорите со Грција кои се водат под покровителство на ОН, објави Фактор магазин.

Засега се уште не се знае кој ќе седне на жешкото столче на местото на Наумовски чии амбасадорски мандат во Вашингтон завршува идната година. Според сознанија на Фактор магазин, шефот на дипломатијата Никола Димитров нема доверба во Наумовски и веќе размислува кој би можел да го замени. За неговото разрешуавње согласност треба да даде и шефот на државата па така се очекува процедурата за именување на нов преговарач да  потрае.

Поврзани новости