Дали Панчевски сторил кривично дело со снимање на претресот на СЈО во неговиот дом?

by Fokus

Пријавата од судијата Владимир Панчевски до МВР дека при претресот во неговиот дом му бил украден клуч, и како доказ за тоа во некои медиуми дал да се објават снимки од неговата домашна камера – освен истрага за клучот, покренува и друго прашање. Дали тој смеел да снима и објавува снимки од претрес кој е дел од предистражна постапка, која според законот е тајна? Според правниците, секој сопственик на дом и имот има право да снима за сопствена заштита, но не и во случај кога се работи за настан од предистражна постапка, пишува Дојче Веле.

„Тајната снимка која ја објави поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за време на претресот на истражителите на СЈО во неговиот дом, претставува кривично дело за неовластено снимање и јавно објавување. Мора да постои согласност од тој што е сниман дека е согласен да биде сниман“, изјави за медиуми поранешниот судија и адвокат, Јован Јоанидис.

Поврзани новости