Ужас во Виена: Полицијата пронајде искасапено тело во стан, се претпоставува дека зад тоа стои мафијата од Балканот

by Fokus

Полицијата во Виена во стан пронашла искасапено тело на маж, а се сомнева дека зад злосторството стои мафијата од Балканот.

Првите сознанија од истрагата покажуваат дека убиството е поврзано со наркотици.

Полициските службеници во средата отишле да проверат стан, за кој имале дојава дека во него има лабораторија. Кога влегле внатре, пронашле тело на маж, чии делови од телото наводно биле отсечени.

Станува збор за стан во стара зграда, а привлече внимание затоа што имаше чудна метална врата. Во станот била пронајдена и поголема количина марихуана. Се верува дека човекот чие тело е пронајдено бил мачен пред неговата смрт.

Како што пренесува „0e24“, повикувајќи се на добро упатени извори, на убиениот му биле отсечени прстите и другите делови од телото. Засега не се познати идентитетот на жртвата и мотивот за убиството.

Но, се претпоставува дека зад се стои мафијата од Балканот, бидејќи бројни граѓани на Србија и Црна Гора во последно време изнајмуваат куќи и станови низ Австрија, а особено во Виена и таму одгледуваат марихуана.

Неодамна, австриските власти извршија разбивање на српско-босанскиот нарко синџир, во кој беа пронајдени два такви објекти за одгледување канабис во Генсерндорф и Баден. Станот во Виена најверојатно служел како скривалиште за дрога.

Поврзани новости