Нетанјаху: Со Појасот Газа по војната треба да управуваат локални функционери

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им претстави план за Појасот Газа на членовите на воениот кабинет, кој има за цел да ја замени палестинската милитантна група Хамас со „локални функционери“ кои не се поврзани со тероризмот за да водат служби во енклавата, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.

Тоа е првпат плановите за Појасот Газа по војната официјално да бидат претставени на одобрување пред кабинетот, пишува The Times of Israel.

Во документот презентиран од Нетанјаху на состанокот во четвртокот не се споменува конкретно Палестинската управа, ниту пак се исклучува нејзиното учество во повоеното управување со Појасот Газа.

Наместо тоа, се вели дека цивилните работи во Газа ќе ги водат „локални службеници“ кои имаат „административно искуство“ и кои не се поврзани со, како што се вели, „земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот“.

Поврзани новости