Прва приватна компанија постави вселенско летало на Месечината

by Fokus

По 50 години САД повторно се на Месечината.

Американската компанија Intuitive Machines е првата приватна компанија која поставила вселенско летало на Месечината, поради што влезе во историјата.

„Одисеја“ слета на Месечината и почна да испраќа податоци, соопшти Intuitive Machines.

Компанијата соопшти дека инженерите морале да ги надминат навигациските проблеми за да извршат многу тешко слетување и дека наскоро се очекуваат првите фотографии од лендерот од површината на Месечината, пренесе Си-Ен-Ен.

Американската вселенска агенција НАСА на платформата X објави дека на површината на Месечината слетало летало без екипаж и дека леталото содржи инструменти на НАСА, чии податоци ќе овозможат подготовка на идни истражувања на Месечината со екипаж.

Поврзани новости