На овој тажен чин, последни од митот ќе се испратат претставници на граѓаните, медиумите, дипломатскиот кор, стопанственици и други субјекти кои веруваа во овој мит додека беше жив. На присутните ќе им се обратат Ивона Талевска од името и на новинарите и на бизнисмените, како и министерот за здравство Никола Тодоров како претставник на Владата.
Во име на дипломатскиот кор беше предвидено да говори евроамбасадорот Аиво Орав, но тој последниве години не знаеме дали е присутен во државава, така што неизвесно е дали ќе присуствува на комеморацијата.
Како што е познато, митот за чесноста на оваа Влада ненадејно умре кога на виделина пукна аферата за корумпирање на уредници со милионски суми евра.
Поради зголемено присуство на џипови, улиците околу музејот за време на комеморацијата ќе бидат затворени за сообраќај.
Погребот ќе биде извршен задутре во Алејата на великаните.