Уште три лица позитивни на вирусот во Велес

by Fokus

Во изминатите 24 часа на територијата на Велес се регистрирани три нови случаи на корона вирус.

Станува збор за едно лице вработено во Инфективното одделение при општата болница во Велес и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката ,,Жан Митрев” после појавата на симптоми на Ковид-19.

-Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 62 лица од кои 4 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни –информираат од Центар за јавно здравје Велес.

В.К.

Поврзани новости