Прилепчанецот што повика на линч на луѓето во државен карантин доби кривична пријава

by Fokus 15:19
15:19

Прилепчанецот, кој на социјалните мрежи ширеше говор на омраза и повика на линч на луѓето сместени во државен карантин во центарот на Битола, доби кривична пријава.

СВР Битола го гони за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

- Advertisements -

„Пријавениот на 28.3.2020 во 6:51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени“, – се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости