“Рекет” нема да се суди преку видео врска, во петок Јанева и Боки 13 повторно во судница

by fokus

Во петок, во Кривичниот суд, треба да продолжи судењето за случајот “Рекет”, во кој обвинети се Катица Јанева и Бојан Јовановски.

И покрај реакциите на адвокатите, поради вонредната состојба со корона вирусот, судењето сепак ќе продолжи со засилено темпо. Од судот велат дека нема можност рочиштето да се одржи по видео врска, како по примерот на судот во Кавадарци.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, вели дека се разгледувало ова комплексно прашање, по што било заклучено дека процесот е комплициран и не може да се изведе.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, исто така вели дека нема да има рочишта преку видео врска, па на прашањето зошто не се постапи по примерот на судот во Кавадарци, кусо изјави:

-Затоа што нема поддршка во процесните закони, вели Здравев, кој не одговори на нашето барање за појаснување.

Адвокатот Дељо Кадиев, вели дека тие би се согласиле судењето да се одвива на овој начин, но дека нема такви најави.

-Судењето е веќе при крај, а веројатно ова темпо е и поради интересот на јавноста за овој случај, вели Кадиев.

Во петок во судница ќе продолжи изведувањето на дополнителните докази, а потоа ќе следуваат одбраната и завршните зборови.

За тоа кога се очекува пресудата, кои се клучните докази, и дали нешто е пронајдено во мобилниот и лаптопите на екс шефицата на СЈО, Јанева, прочитајте во најновиот број  на неделникот “Фокус”.

Валентина Вурмо

Поврзани новости