Уште не се знае кој ќе ја менува Русковска, Трајчева и е заменик но е на одмор

by fokus

Најверојатно утре ќе се носи одлука за тоа кој ќе ја менува шефицата на Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, бидејќи таа од вчера е под суспензија.

Од обвинителството за ,,Фокус” појаснуваат дека според годишниот распоред како заменик на Русковска во нејзино отсуство е поставена обвинителката Ивана Трајчева. Но таа нема да може веднаш да ја превзеде функцијата бидејќи е на одмор, па затоа ќе мора да се бара ново решение.

Тоа пак што против обвинителката Трајчева исто така се води дисциплинска постапка не е пречка според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, туку како пречка е тоа што обвинителката е на одмор.

Дисциплинската постапката беше иницирана поради случајот со претресот во Управата за финансиска полиција.

Како можна нова шефица на обвинителатвото се споменува обвинителката Лиле Стефанова, но она што досега е јасно дека таа одлука нема да може да ја донесе Русковска.

И Владата најави дека многу скоро ќе му најде замена на првиот човек на Управата за финансиска полиција, Арафат Мауреми, кој вчера се повлече од в.д. директорското место во Управата за финансиска полиција.

Валентина Вурмо

Поврзани новости