Дури 12 дрвја паднаа во училишен двор во Неготино, вработените заедно со ЈП Комуналец расчистуваа

by Fokus

Големото невреме кое вчера ја зафати Општина Неготино предизвика огромни штети, а дворот на Основното училиште ,,Гоце Делчев” бил еден од најпогодените. Дури 12 големи дрва паднале од силниот ветар кој зад себе остави хаварија.

Денес, како што појаснува за ,,Фокус” директорката на училиштето, Елена Стојанова, сите вработени самоиницијативно со свои возила дошле на расчистување во дворот.

-Невремето предизвика големи штети во училишниот двор, па сите вработени ја покажаа солидарноста и дадоа свој придонес во расчистувањето. На помош ни дојдоа и екипи на ЈП Комуналец, неуморно се работеше се додека дворот повторно не беше среден- вели Стојанова.

Таа е на функцијата директор на основното училиште од неодамна, а нејзин претходник беше Петар Мантев. Училишниот двор во „Гоце Делчев“ важи за позитивен пример во градот, кога е уредувањето во прашање, со низа на рекреативни содржини.

Вики Клинчарова

Поврзани новости