Уште една жртва на корона вирусот од лекарската фела во земјава

by Fokus

Ковид 19 зеде уште една жртва од лекарската фела. На 50-годишна возраст почина д-р Владимир Евтимовски, радиолог во Клиничката болница во Тетово, пренесува Телма.

Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден.

Состојбата нагло му се влошила па веднаш бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а денес починал. Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.

Поврзани новости