Пратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективна поради корона вирус

by Fokus

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е заразена од корона вирусот, а нејзината температура не паѓала, па веднаш била префрлена во болница.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитализирана поради заразеност од корона вирусот. Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38,5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирана ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, напиша Зајкова.

Поврзани новости