Уште еден сибирски викенд – ќе не ѕемнат -16 степени

by fokus 15:35
15:35

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека за време на викендот и в понеделник времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

В недела ќе биде најстудено, со температура од -16 до -7. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Дневните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе останат под нула.

Според УХМР, во вторник и среда ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од државава врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.

Во среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени.

Поврзани новости