Весковски: Карпош е затрупан во снег, а Стевчо Јакимовски потроши 4 милиони денари ?!

by fokus 15:50
15:50

СДСМ од општина Карпош реагира дека општината не ги чисти улиците и покрај тоа што има одобрено буџетски средства за таа намена од 4 милиони денари и бара  од градоначалникот Стевчо Јакимовски да почне да го расчистува снегот од улиците.

„Веќе трета недела од првиот снег, граѓаните на Карпош се затрупани од новиот снег што падна, од остатоци од претходно, замрзнати поради ниските температури. Сето тоа им го отежнува движењето и на луѓето и на возилата.Речиси и да нема улица во општината којашто е целосно проодна и којашто не е закана за граѓаните.Овде има и стари луѓе и болни, не можат да се решат леб и лекови да излезат да си купат. Да не зборуваме за возилата што се лизгаат на секој свиок.Несовесното работење на градоначалникот Стевчо Јакимовски ја загрозува безбедноста на граѓаните! – вели Душко Весковски, претседател на ОО на СДСМ – Карпош.

Тој потсети дека општина Карпош потроши 4.000.000 денари за зимско одржување на улиците.

„За што ги потрошија Јакимовски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот овие пари, ако не за расчистување на снегот?, праша Весковски.

Од СДСМ Карпош бараат веднаш да се исчистат улиците и тротоарите бидејќи граѓаните платија за тоа!

„Временските услови ја извадија уште еднаш на површина неодговорноста на власта во заминување кон граѓаните и затоа е неопходно нивната мнозинска волја да се преточи во институциите“, рече Весковски.

Поврзани новости