Управата за јавни приходи реагира на тврдењата на СДСМ дека поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, се жалел од сегашниот министер, Кирил Миновски, поради неговата неспоспобност да ги спроведе ИПА проектите.
Во продолжение реакцијата на УЈП:
„Имено, презентираниот документ „Информација за статусот за реализација на ИПА портфолиото на УЈП“ е наменет за информирање на Владата на РМ, а кој УЈП го подготвува и доставува секој месец почнувајќи од 2015 година, а ќе продолжи се додека не се имплементираат сите проекти. Не ни е јасно во кој дел од документот е наведено дека „…ИПА програмата не може да се реализира“, бидејќи напротив во Информацијата јасно е наведен статусот на реализација на проектите на УЈП т.е.
Проектот за изведување на работи за реновирање на Контакт центарот во вредност од 235.710,88 е завршен на 20.11.2015 година, двегодишниот Твининг проект со шпанската даночна администрација во вредност од 800.000 евра е во тек и во завршна фаза на имплементација, Договорот за набавка на канцелариски мебел за новиот Контакт центар во вредност од 48.473,00 евра е склучен и испораката е отпочната на 10 јуни 2016 година, а останатите Договори за набавка на опремата за Контакт центарот и Мобилните даночни шалтери моментално се во фаза на тендерирање или склучување на договори, односно се чека достава на понуди или склучување на договор со избраниот понудувач.
Ако се има предвид горенаведеното, односно дека сите ИПА проекти во УЈП се завршени или се во тек на реализирација, во очајнички обид за ситни политички поени, СДСМ вади извадоци од документ кои се однесуваат на статус на идентификувани ризици кои се составен дел и се дефинираат во секоја проектна документација согласно ЕУ ИПА регулативата, а кои ризици имаат за цел превентивно делување на институцијата/корисник и преземање навремени мерки од сите инволвирани страни во ИПА проектите, за да се осигура нивна успешна имплементација.
Изразуваме жалење што дневно политичките настани за некои се поважни од евроинтегративниот процес на Македонија и од долгогодишните ИПА програми во кои институциите и сите инволвирани страни вложуваат многу.“