Угостителски објекти во Грција затаиле приход од над пет милиони евра

by Fokus

Независната управата за јавни приходи на Грција открила 14 угостителски објекти кои преку платформите за достава на храна и неиздавањето фискални сметки затаиле приход од над пет милиони евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, угостителските објекти не издале 449.000 сметки за нарачки во висина од 5,15 милиони евра, а со тоа на даночните служби не им исплатиле 592.000 евра за ДДВ.

Најголем приход од откриените бизнис, имало кафуле на Крит, кое од 2019 до 2020 година, не доставило даночни пријави и ДДВ, со што прикрило приход во вкупна вредност од 1.440.000 евра.

Слична била праксата и во ресторани, пицерии, кафулиња и слично во повеќе делови на Грција во периодот меѓу 2017 и 2020 година.

Поврзани новости