Учебната година во Србија завршува на шести јуни, училиштето „Рибникар“ ќе добие спомен-обележје

by Fokus

Крајот на учебната година за сите училишта во Србија ќе биде на 6 јуни, а основното училиште „Владислав Рибникар“, каде на 3 мај се случи масовно убиство, ќе остане училиште и ќе добие спомен-обележје, одлучи српската  владата.

„Нашиот образовен систем е создаден со цел да обезбеди соодветна поддршка на сите ученици, да ги поттикне да учат напорно и да им овозможи да израснат во здрави, свесни и одговорни личности. Во овој момент, важно е да се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца, бидејќи тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, љубов и грижа. Имајќи го ова предвид, Владата на Република Србија, поради трагедијата која длабоко ја погодува целата заедница, донесе одлука учебната година да ја заврши на 6 јуни во сите основни и средни училишта во Србија“ соопшти владата.

Поврзани новости