Уапсени се двајцата синови на убиениот Дилавер Бојку

by Фокус

Во голема полициска акција спроведена доцна вечерва, уапсени се браќата Ербер и Бесник Бојку, во акција спроведена од Отсекот за потраги и специјалците „Тигри“.

Еден од браќата се бараше за издржување на затвроска казна од 21 година, а другиот поради поседување на оружје.

Станува збор за синовите на Дилавер Бојку, кој сред бел ден беше убиен од позади грб во Струга.

Се уште нема одговор кој го ликвидираше и како се реализираше едно од најконтроверзните убиства во Македонија.

Инаку, неговите синови вечерва се фатени на регионалниот пат Струга-Дебар на влезот на село Велешта.

И двајцата во себе носеле пиштоли.

Поврзани новости