Временска прогноза за викендот: Студено време со дожд, а на планините и снег

by Фокус

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта, повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места.

Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Поврзани новости