Уапсен сопственик на кафеана од гостиварско Градец, работел после дозволеното време

by fokus

Поради работа по дозволеното време, полицајци од Одделението за внатрешни работи во Гостивар, вчера, го лишиле од слобода Б.А. (35) од село Градец, сопственик на угостителски објект, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сопственикот чиј угостителски објект работел по дозволеното време, со 20 гости, бил задржан во полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, според член 206 од Кривичниот законик.

Поврзани новости