Уапсен пијан велешанец кој искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

by Fokus

Рано утрово, велешанец бил уапсен откако искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“, пренесува МВР.

„На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости