Уапсен е еден од најбогатите Британци, мнозински сопственик на Тотенхем

by Fokus

Милијардер Џо Луис (86), мнозински акционер во лондонскиот фудбалски клуб Тотенхем е уапсен денеска поради инсајдерска трговија, објави од обвинителството.

Луис е обвинет за „оркестрирање на дрска шема“ за инсајдерско тргување, изјави во вторникот американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс, објавувајќи го своето обвинение.

Од 2013-та до 2021 година, Луис наводно „го злоупотребил својот пристап до управните одбори“ на различни компании со цел на своите „романтични врски, лични асистенти, приватни пилоти и пријатели да им обезбеди информации кои не се достапни на пошироката јавност“.

Информациите се дека со тие информации тие луѓе „заработиле милиони долари на берзата“.

Во обвинението против него, срочено на 29 страници се наведени 19 обвиненија против бизнисменот, меѓу кои и неколку за „измама на берзата“.

За најтешкото обвинение му се заканува затворска казна до 25 години.

Џо Луис се смета за еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, со проценето богатство од повеќе од шест милијарди долари според Форбс.

Поврзани новости